Три автомобили се судрија на Ленинова - сообраќајот отежнат (фото)

Три автомобили предмалку се судрија на улицата Ленинова во Скопје. Едниот од автомобилите е на авто-школа.

За сега не се знае како дошло до несреќата во која за среќа нема повредени лица. Направена е само материјална штета.

Сообраќајот на улицата е отежнат.

Фото: Пресс24