Трговците на мало најавуваат пад на цените

Eкономската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2016 година.

Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во првото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголеми.

Продажните цени во првото тримесечје од 2017 година се намалиле во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, а се очекува нивно намалување и во наредните 3 месеци.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 31.6%, зголемената понуда на пазарот со 17.6% и зголемената конкуренција на пазарот со 12.5%.