Тревникот за игра е перфектен, скапите ѕвезди на Шпанија останаа без алиби

Инспекцијата на шпанската фудбалска федерација која пред три недели го проверуваше квалитетот на тревникот на „Телеком арената“ во Скопје, напишала во извештајот дека тој не е во најдобра кондиција и дека проблем на скапите ѕвезди на „црвената фурија“ нема да имаат оптимални услови за игра.

Сепак, по дилемите на шпанските медиуми на прес-конференцијата, кога новинарите излегоа на тревникот за тренингот на Македонија, наидоа на позитивен шок. Тревникот во Скопје е идеален и максимално сочуван за овој натпревар. Последниот месец своите првенствени натпревари на овој тревник не ги играа ни Работнички, ниту Вардар, па не постои ризик да е во лоша состојба.

Всушност, извештајот сега се гледа како однапред подготвувано алиби при евентуален неуспех.