Тренирате, но не слабеете? Еве во што е проблемот!

Напорно тренирате, но не сте задоволни со резултатите, а плус килограмите никако да се “стопат”.

Ново истражување покажало зошто напорниот тренинг во теретана секогаш не резултира со губење на килограмите. Одговорот се крие во погрешната храна што ја јадете после тренингот или во погрешната процена за согорени калории. Едно истражување покажа дека и покрај зголемената физичка активност на Американците, епидемијата на дебелеење не е намалена. Слична ситуација е забележана и во Европа.

“Најголемата грешка што луѓето ја прават после тренингот етоа што се почестуваат со омилената храна или пијалок. Можеби во текот на тренингот сте согориле 300 калории, но ако вие испиете големо кафе со глаг од 350 калории, или мафини од 500 калории лесно можете да го упропастите тренингот” – вели докторката Кенди Анимуган, стручњак за слабеење.

Еве што е потребно за да ги согорите следните намирници:

Биг мек (560 калории): 50 минути трчање

Кока кола (140 калории): 12 минути трчање

1штангла чоколадо (110 калории): 10 минути трчање

Сладолед (201 калории): 18 минути трчање

чаша бело вино 175 ml: 20 минути аеробик

За да ослабете потребно е да направите дефицит на калории: внесете помалку калории отколку што на телото дневно му е потребно. Ако на пример јадете пица за вечера, потребно ви е да вежбате саат време во теретана за да ја согорите.

Проблемот на “негирање” на калориите е истражен во рамките на телевизискиот сериал “Secret Eaters”, кој се занимаваше со проучување на навиките во исхраната кај луѓето со прекумерна тежина.

Поголем број од семејствата се изненадиле на покачените килограми. Но деталната анализа за нивните навики исхрана покажала дека тие не се свесни колку калории содржи одредена храна, како и тоа што понекогаш воопшто не реагираат на храната што ја јадат од “на нога”.