Трендот на пад на цените на становите го потврдуваат и градежниците

Незвесноста од политичката криза, очекувањата за разрешница и стравот кај купувачите се одрази и на пазарот на недвижности. Трендот на пад на цените на становите го потврдуваат и градежниците.

- Во изминатиот период се соочивме со забавување во изграбата на нoви станови поради неизвесноста од политико-економската состојба. Ние како инвеститори имавме резерва што и како ќе се случува, а од истите причини се воздржуваа и купувачите. Сето тоа се одрази на пазарот на недвижности. Главно, 30 до 40 отсто од становите во Скопје ги купуваат луѓе кои живеат во други градови, и кај нив се забележува воздржаност. Препазливи бевме и ние како инвеститори и граѓаните, како купувачи, кои се воздржуваа од поагреивно земање на стнбени кредити,  вели архитект Никола Велковски.

Трендот на пад на цените на становите, според новата анализа на НБМ, од 2016 година се прелеа и во 2017 година. Според истражување на Народната банка, и во првиот квартал од годинава е регистрирано намалување на цените и на старите и на новоизградените станови. Така, индексот на цените на годишна основа е понизок за 7% (намалување од 0,8% во претходниот квартал).

- Во првиот квартал, цените на недвижностите на домашниот пазар четврт последователен квартал бележат намалување, а истовремено се забележуваат определени сигнали за стабилизирање на растот на понудата на недвижности – велат од Народната банка.

Дел од градежниците објаснуваат дека изминатиот период има забавување и кај издавањето на градежни дозволи.

 

Извор: фактор.мк