Трендот да паркира кој каде што ќе стигне се следи и продолжува

Низ Скопје се паркира кој каде стигне. Колони возила стојат паркирани на улици, булевари, тротоари, на најпрометните места во градот. Од полицијата велат дека казнуваат, но сликата на улиците низ градот кажува нешто сосема друго.

Возачите често ги оставаат своите автомобили на разни недозволени површини и на тој начин тие им го попречуваат нормалното движење на пешаците или на велосипедистите.

По поплаки од граѓаните дека автомобили им го узурпирале тротоарот, градот честопати реагира со поставување бетонски или метални столпчиња.

Хаос од паркирани возила има речиси на секоја уличка во Дебар Маало и Капиштец. Иако во овои делови на градот е воведено зонско паркирање, се користи буквално секое слободно место каде е забрането паркирање. На тротоарите се паркирани по два реда возила, на улиците од двете страни исто така има коли, а и покрај забраната има и камиони за дотур на роба, па пешаците мора да одат по улица низ сообраќај.

Според Законот за безбедност во сообраќајот казната за паркирање на возила на улица е 45 евра а на тротоар 150 евра.