Трчањето всушност е добро за вашите колена

Ако сте трчач, најверојатно сте го слушнале ова, а ако не се трчач, најверојатно вие го имате кажано: „Трчањето е ужасно за вашите колена.“ Но, да не избрзуваме: Истражувањата покажуваат дека трчањето не само што не што трчањето не им штети на колената, туку всушност им помага.

И покрај тоа што овој податок изненади многу луѓе, сепак ова не е нешто ново за научниците. Уште во 80-тите години на 20-ти век, истражувањата покажувале дека трчањето не е поврзано со артритисот на колената, ниту пак со било кој вид дегенеративни болести на глуждовите. Сепак, истражувачите не биле сигурни зошто ова е така. Можно е дека имало и други причини: трчачите обично имаат помалку килограми, а тоа го намалува ризикот од проблеми со колената. Но, други истражувачи мислеле дека трчањето игра голема улога во ова.

Едно истражување објавено во 2016 во „Европскиот журнал за применета физиологија“, на машки и женски трчачи им било дадено 30 минути да трчаат на лента за трчање или да го поминат тоа време седејќи во тишина. Секој учесник потоа наредниот ден ја правел спротивната активност. Пред и по секоја сесија, истражувачите земале крв од рака и синовијална течност – супстанцијата која ги подмачкува вашите згобови.

Потоа тие анализирале неколку елементи од тоа, вклучувајќи ги и клетките поврзани со воспаление на колената и супстанција наречена 'рскавичен олигомерен матрикс протеин, кој често се користи како маркер за артритис. Резултатите биле прилично драматични: по трчањето, колената на учесниците содржеле помалку клетки поврзани со воспаление. Плус, нивото на 'рскавичниот олигомерен матрикс протеин било намалено, како трчањето да им помогнало да исфрлат дел од супстанцијата поврзана со артритис. По седењето, тие воспалителни клетки се зголемиле, а се зголемило и нивотото на 'рскавичниот олигомерен матрикс протеин. Роберт Хајдал, водачот на истражувањето, заклучил дека умереното трчање не може да им наштети на здравите колена и најверојатно нуди и заштита.

Тогаш зошто колената ме болат?

Вообичаено е за трчачите, особено оние кои неодамна почнале со трчање, да искусуваат болка во колената. Но, таа болка ретко доаѓа од распаѓање на нивните зголоби и има едноставни решенија. На пример, истражување спроведено на жени кои го имаат синдромот на „тркачко колено“, покажало дека со програма од 8 недели која е фокусирана на зацврстување на колковите, јадрото и мускулите на нозете, тие можат да ја намалат болката и ја подобрат способноста за трчање.  Заедно со слабите мускули, други виновници за болката во колената често се и старите патики или форсирање да се истрчаат повеќе километри отколку што реално можеме. Секако, ако болката не поминува, ве советуваме да одите на доктор. Но, не дозволувајте стравот од повреда на коленото да ве спречи да трчате. Всушност, трчањето може да ги одржува вашите колена во одлична состојба.