Без оглед на тоа која е вашата главна цел за трчањето, сепак треба да знаете неколку основни работи кои ќе ви го олеснат патот до зацртаната цел.

Трчањето е состојба на свеста

Единственото нешто кое го одредува вашиот успех или неуспех е начинот на којшто размислувате за трчањето. Ако трчањето дава посакуван ефект, ако ве ослободува од стрес, согорува калории или ви дава време да минете квалитетно време сами, тогаш е многу неважно што ќе ви кажат за трчањето.

Трчањето го намалува ризикот од рак на дојка и матка кај жените

Научниците истакнуваат дека жените кои трчаат многу малку патат од опасниот облик на естроген за разлика од жените кои се пасивни. Трчањето го намалува ризикот од рак на дојката и матка за цели 50%, а за дијабетес дури за 65%.

Трчањето во друштво дава мотивација и сигурност

Трчањето во друштво е одличен начин да обезбедите мотивација и поддршка во тешките моменти. Тоа дава можност да ги охрабрите другите и да дадете подобри резултати трчајќи во друштво.

Најважните минерали за оние кои трчаат се железото и калциумот

Обезбедете си себеси доволен внес на минерали, кои ќе ви помогнат брзо да се опоравите од напорното трчање. Најдобриот извор на калциум се брокулите, сардината и лососот. Железото пак може да се најде во говедското, цвеклото, леќата и спанаќот.

Трчањето е одлично за кожата

Дерматолозите истакнуваат дека трчањето ја стимулира циркулацијата и транспортот на хранливи материи, додека во исто време го забрзува ослободувањето на штетни материи. Тоа е позиционирано многу високо на листата пријатели на нашата кожа и тен.

Тоа е одличен начин за ослободување од стресот

Трчањето во природа е еден од најдобрите начини за ослободување од стресот кој се наталожува во текот на денот. Тоа значително придонесува за намалување на лачењето на кортизолот (хормонот на стресот ) што е особено важно при денешното стресно живеење.