ТРАНСФЕР БОМБА: Антонио Касано пред трансфер во Македонија?!

Се подготвува ли мегатрансфер во Тетово?! Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Милан, Интер и Рома, и долгогодишен италијански репрезентативец, Антонио Касано, е понуден на македонскиот прволигаш Шкендија, објави спортскиот портал ЕКИПА.

Доколку овој трансфер евентуално се реализира, ќе биде тоа убедливо најголемото европско име што ќе заигра фудбал на македонската прволигашка сцена во овие изминати 25 години.

Неговите менаџери му бараат нов клуб, па тој беше понуден и на клубови од Кипар и од Албанија. Има преговори и да се врати во Бари, неговиот матичен клуб, но прашање е што би се случило доколку раководството на Шкендија навистина сериозно „загризе“ за да го добие ова фантастично засилување.

Повеќе прочитајте на ЕКИПА…