Трајковски: Продолжуваме со проектите за социјална заштита во Гази Баба

Кандидатот за градоначалникот на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски на социјалните мрежи објави дека во следните 4 години ќе продолжат заедно со СОС Детското село со реализација на проекти во Ресурсниот центар за поддршка на лица од семејствата од висок социјален ризик.

-Повеќе од 25 лица дневно се згрижуваат и повеќе од 100 лица ја посетија обуката за доквалификација и прекфалицикација. Верувам дека со овој проект овозможуваме подобра социјализација на оваа категорија на граѓани, како и полесно обезбедување на вработување па и можност за отворање на сопствен бизнис.
• Ќе продолжиме и со поддршката за народната кујна, која кај нас функционира во Маџари и во Ченто.
• Ќе продолжиме со поддршката на дневниот центар за децата од улица, како и за дневните центри за згрижување на жртвите од семејно насилство.
• Општината ќе овозможи и за следните 4 години простор за Центарот за превенција, каде ќе продолжиме со работилници, едукации, советувања во делот на заштитата и превенцијата од разните пороци и насилства кои ги демнат нашите граѓани
• Ќе продолжиме со поддршката и на дневниот центар за лица со попреченост.
• Како досега, така и во иднина општината ќе продолжи со поддршката на проектите од СОС Детското село.
• Следниот период ќе обезбедиме и отворени денови за социјална заштита во руралните средини.
• Затоа почитувани сограѓани Ве повикувам на 15 октомври да го заокружите бројот 13 за реализација на проектите од областа на соијалната заштита, пишува Трајковски на Фејсбук.