Трајковски: Нудиме многу проекти за младите во Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на МТВ потенцираше дека тие нудат проекти за младите и ќе овозможат нивната идеја да биде преточена во бизнис.

-Општина Гази Баба е водечка општина во Република Македонија со три центри за млади: Младинскиот центар во Ченто, каде минатата година поминаа преку 200 млади лица и добија соодветна обука и доквалификација, ние сме единствена општина со инкубатор за старта бизниси и секоја година општината помага на младите да започнат бизнис и единствена општина со центар за млади сместен во железара каде таму преку 200 млади лица минатата година беа да стекнат искуство во државите од европската унија преку волонтирање и сезонски вработувања и во иднина наша цел ќе биде да се поттикнат младите за поголеми шанси за работа, истакна Трајковски.