За побезбедно движење на пешаците и велосипедистите, ќе продолжиме со градење на пешачко велосипедските патеки, пишува на својот Фејсбук профил кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски.

– Изминатите 4 години изградени се тротоари и пешачки патеки во должина од околу 16 км. За следните 4 години планиранирани се нови патеки во должина од 20 км. Ќе продолжиме со изградба на велосипедската патека кон населбата Ченто, како и кон населбите Триангла и Хиподром. Ќе продолжиме и со изградба на пешачките патеки по регионалниот пат од Ергеле до Идризово и од Ченто до Економија.

Ќе се продолжи со изградба на пешачките патеки во сите населени места. Ќе се постават дополнителни светлосни сообраќајни знаци како и успорувачи на брзините пред секој пешачки премин. За поголема безбедност во сообраќајот ќе направиме изменет сообраќај на режимот со воведување на смирен сообраќај на улиците каде имавме изминатиот период сообраќајни незгоди и ќе се направи комплетна обнова на хоризонталната и вертикалната сигнализација со посебен акцент на местата пред училиштата и градинките, пишува Трајковски.