Трајановски: Замина драга пријателке без да се поздравиме, замина без да кажеш збогум

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, со потресна порака се прости од актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која беше и поранешна градоначалничка на Кисела Вода.

- Замина драга пријателке без да се поздравиме, замина без да кажеш збогум. Беше среќна на даските што живот значат а за нас пријатно чуството и радост кога те гледавме на нив. Се бореше со огромна енергија за секој дел од Кисела Вода да направиш нешто подобро. Твоите барања кон градот и кон мене беа со љубезност, молба и желба за подобара општина. Јас, насмевка и среќата успевав да ти изнудам на секоја средба и за секој проект што го направивме за Кисела Вода. Ќе ни недостигаш. Најди мир во вечноста Биле, напиша поранешниот скопски татко Коце Трајановски.