Трајановски: „Шарената револуција“ да престане со уништување на главниот град (видео)

Градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски побара од „Шарената револуција“ да престане со уништување на главниот град, по синоќешните инциденти во кои беше оштетена зградата на министерството за правда, а истовремено имаше и обид за рушење на споменик во Жена парк.

-Барам да престанат да го тероризираат главниот град. Барам да ги остават граѓаните на мир. Барам да не ги држат во заложништво граѓаните на градот Скопје. Исто барам да не доаѓаат со автобуси од други градови за да го уништуваат главниот град- порача Трајановски.