Трајановски на терен: Вработените во „Паркови и зеленило“ поради топлото време до 6 часот наутро ги наводнуваат новите 6.000 дрвца во Скопје

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминативе ноќи од полноќ па се до 6 часот наутро работат на наводнување на новите 6000 илјади дрвца кои ги засади град Скопје изминатава пролет.

Поради топлото време и високите дневни темпрератури градот Скопје овие денови одлучи ЈП „Паркови и зеленило“ да работат во ноќните часови. Вчера на терен беше и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски кој им честиташе на вработените за грижата на садниците и зеленилото во градот.

-Честитки за 100-тина вработени од ЈП „Паркови и зеленило“ кои изминативе ноќи од полноќ до 6 часот наутро работат на наводнување на новите 6000 илјади дрвца кои ги засадивме изминатава пролет, пишува на својот ФБ профил градоначалникот Трајановски.