Трајановски: ЕК објави – Скопје финалист на Европската недела на мобилност 2016

Скопје е финалист на Европската недела на мобилност 2016.

-Европската комисија денеска ги откри финалистите за наградата на Европската недела на мобилност за 2016 година, каде еден од финалистите е и Градот Скопје. Ова признание е голем поттик и потврда за одличните проекти кои ги реализиравме изминативе години, како и признание за визијата и долгорочните мерки за воспоставување на одржливи транспортни урбани системи, интегрираниот пристап, добрата комуникација и вклученост на јавноста во развивање на одржливо транспортно однесување. Како најдобри проекти кои изминатиов период ги реализиравме се промоцијата на велосипедот како транспортно средство и подобрувањето на велосипедската инфраструктура преку проектот „Скопје велоград“, промоцијата за користењето на електричните и хибридните возила, бројни мерки за подобрување на јавниот транспорт како што се воведувањето на единствена електронска наплата и автоматска локација во јавниот превоз, како и промоцијата на системите за споделување на возила во урбана градска средина, пишува градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на социјалната мрежа Фејсбук.