Трагите од минатото: Не дозволувајте минатото да ви влијае на сегашноста!

Велат дека се се враќа, се се плаќа. Но, кому да се наплати? Се чини дека секогаш им се наплатува на погрешните и невини луѓе.

Добро познатото носење на претежок товар од минатото доведува до точка на преливање на чашата и тогаш целата нервоза и фрустрации од поранешните партнери се префрлуваат на новите. Луѓе кои се ваша сегашност, кои би можеле да бидат ваша иднина.

Многупати досега сум го правела тоа, а убедена сум дека има сите останати некогаш го направиле тоа. Ако не го направиле, тогаш тие (ин)директно биле подлога за одмаздување, затоа што тоа обично оди така.

По некое чудно, но реално правило, колку сте подобри, толку луѓето се полоши со вас и обратно. Од работа, партнерство до сферите на социјалните мрежи, каде „хејтањето“ стана животен стил. Зошто? Затоа што секогаш се истресуваме на оние кои немаат врска со коренот на проблемот.

Но, ајде малку реално да го погледнеме тоа. Тоа што поранешните партнери биле лоши кон вас, не значи дека вашите сегашни партнери треба да го трпат тоа. Ниту пак вие треба да трпите некој да се истресува на вас поради поранешните врски. Многу е едноставно.

Тоа што некој некогаш ви направил лошо, не значи и дека не смее да значи дека треба да генерализирате, сомневате и искористувате луѓе кои имаат добри намери. Нема смисла.

Тоа што поранешните партнери ве изневериле, не значи дека треба да им дишете во врат на сегашните. Она што е важно е проценката, која е тешко да се изгради, но никогаш не треба да се откажете од градење. Впрочем, оној кој сака да лаже, ќе пронајде начин. Самите го знаете тоа од искуство, зарем не?

Меѓутоа, без оглед на тоа што го знаете, вие често им се одмаздувате на луѓето кои ни најмалку не знаат зошто се виновни. А не се, освен можеби тоа што  се со вас и покрај тоа ги доживувате како замена за лечење фрустрации.

Секоја врска имала свои подеми и падови, проблеми и конечни причини за раскинување, но лудо е да префрлаат гревовите од претходните врски во новите врски, затоа што така, ниту една врска нема да биде добра. Со тоа уште од старт не и дозволувате на личноста да ви покаже каква е и каков карактер има. Секој пат кога ќе помислите дека тие работи ги правеле и вашите поранешни, ја спречувате врската  да расте.

Зошто? Затоа што сте мислеле дека тие се одговорни за се она што не го направиле, а вие шаблонски сте верувале дека ќе го направат.

Обидете се да го сфатите следното: Тоа што вие сте во врска со своето минато, значи дека сте зафатени. Со самото тоа е подобро да не почнувате ништо ново, затоа што така ни флертот не е добар, а да не зборуваме за други работи. Се додека постои шанса да ви се појават поранешните партнери пред очи додека лежите во кревет, поради што ќе сакате да ги разбудите сегашните партнери, откажете се уште од старт. Подобро е за вас, за вашите сегашни, но и за вашите поранешни партнери.

Вашите сегашни партнери не се виновни за солзите кои сте ги исплакале за поранешните партнери.

Вашите сегашни партнери не се виновни што сте изгубиле доверба во луѓето поради поранешните партнери.

Вашите сегашни партнери не се виновни што поранешните партнери ве изневерувале, затоа што можеби тие сакаат да ве сакаат, чуваат и почитуваат.

Вашите сегашни партнери не се виновни, затоа што тие не се вашите поранешни партнери.

А вие упорно ги одбивате од себе, мислејќи дека ќе го решите минатото на тој начин.

Не се сите мажи исти, не се сите жени исти. Но, вие тоа нема да можете да го видите се додека не престанете да се одмаздувате на другите, за грешките кои некои ваши поранешни партнери ги правеле.