Трагедија во скопско: Семејството го пронашло мртов на нива

Педесет и седум годишниот М.А. од скопски Добридол вчера околу 10:45 часот бил пронајден мртов на нива од страна на членови на семејството.

Како што информираат од полиција, лицето било пронајдено починато на местото викано Шарковец.

М.А. на 31-ви октомври заминал со трактор на нива за да изведува земјоделски работи. Тој бил пронајден на десетина метри паднат од тракторот кој пак удрил во дрво.

По извршениот увид утврдена е смрт без траги на насилство, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.