Едно лице почина вчера, во скопската џамија на улицата „Душко Поповиќ“, соопштуваат од МВР.

Имено, 77-годишниот С.Ј кој имал здравствени проблеми починал вчера во џамијата, а смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.