Вчера во 9.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул. „Бајрам Шабани” има починато едномесечно бебе.

Во разговор со полициските службеници родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава знаци на живот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција, информираа од полицијата.