Трагедија во Скопје: Почина жената која синот ја претепа со вжештена маша

Од страна на Судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

50-годишниот П.А. од Скопје во периодот од март до април 2017 година секојдневно психички и физички ја малтретирал неговата 79-годишна мајка со која заедно живееле. На 11. месецов П.А. со употреба на физичка сила и вжештена маша и нанел повеќе удари по главата и телото од кои мајката паднала во бесознание и во критична состојба била пренесена во болница.

За жал, според извори на Пресс24, жената која била брутално тепана и малтретирана, починала во болница и покрај напорите на лекарите.

Од страна на Судија на претходна постапка на П.А. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.