Трагедија во Идризово: Затвореник почина на пат кон болница

Во 23 часот и 11 минути било пријавено дека околу 21 часот и 45 минути на патот од Затворот Идризово кон Клинички Центар  во возило починал затвореник.

Се работи за 46-годишниот Ш.З. од селото Радожда, струшко.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на судска медицина за обдукција.