Трагедија во Драчево: Го донеле мртов во болница

Полицијата вчера околу пладне добила пријава дека во Поликлиниката Драчево било донесено починато лице.

Утврдено е дека се работи за лицето Ш.Ш. (74) од Р.Турција.

Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институт за судска медицина на обдукција.