Деветнаесет годишниот А.З. од скопско Миладиновци го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила утринава во 6:45 часот на локалниот пат од населбата Илинден кон село Миладиновци.

Од полицијата информираат дека автомобил „Голф“ со скопски регистерски ознаки управуван од А.З. излетал од коловозот и се превртел.

-Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител, а во моментов се врши увид од страна на увидна екипа, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.