Трагедија: Се самоуби позната македонска актерка

Актерката и режисерка Милиана Ленак (Додевска) вчера претпладне со скок од зграда си го одзела животот. Оваа вест за Телма ја потврдиле од МВР. Известуваат дека трагичниот настан се случил на 20.12 2019 година во 11 и 3о часот. Имаше 41 година.

Таа беше самохрана мајка, а зад себе остави малолетна ќерка.

Ленак е основач на детскиот „Буден театар“, кој создава претстави за деца, а беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал „Фенер“.

Таа е дипломец на театарската академија Крсто Сарафов во Софија, а заврши постдипломски студии по режија на Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.

„Буден театар“ од 2015 дава поддршка на децата бегалци од војна, преку креативни активности.

Во 2017 Ленак ја режираше претставата „Писмо никому“, работена по текст на светски признатиот холандски автор на детска литература Тоон Телехан, а создадена од децата бегалци кои беа сместени во транзициските центри на Табановце и кои не смееја да излезат оттаму, и деца од основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје.