Традиционална крводарителска акција во општина Гази Баба

Општина Гази Баба заедно со општинската организација на Црвен Крст- Гази Баба и институтот за трансфузиона медицина -Скопје организираа крводарителска акција која се одржa денеска од 9 до 14 часот во големата сала на Гази Баба, на која се собраа околу 20 единици на крв.

„Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување на крв, вашата крв спасува живот, продолжува многу животи. Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба“, апелира градоначалникот на општината Тони Трајковски кој беше присутен на акцијата за дарување крв.