Традицијата продолжува, ја подготвуваме за Велигден, а секаде има различно име. Ова е традиционалниот рецепт на познатиот Велиденски милиброд или како што некои го нарекуваат козињак.
За тесто
750 гр брашно
150 гр шеќер
350 мл млеко
150 мл масло
2 јајца
1 квасец
2-3 ванилин шеќери
За фил
100 гр афион
10 лажици џем или мармалад
За премачкување
1 жолчка
По желба, ореви, суво грозје, кора од лимон или портокал.
1. Се замесува средно меко тесто од сите состојки со млако млеко. Се остава да стаса.
2. Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на три дела.
3. Секој дел се сука во правоаголник, ама во форма на долга прачка, се филува, па се мота како ролат. Од трите прачки или ролатчиња се прави плетенка.
4. Плетенката ја ставаме во круг во округло намрсено тавче или пак ја делиме на два дела и ги редиме во правоаголно тавче.
5. Плетенките ги премачкуваме со жолчка од јајце и ги оставаме да стасаат околу 15-20 минути или додека да ни се загрее рерната.
6. Ги печеме на 180-200 степени во загреана рерна до поцрвенување.
Забелешка
Афион и мармалад ставајте по вкус, одокативна е дозата, затоа што мармаладот може да е погуст, посладок или поредок.
Вкусен е и ако се изренда кора од портокал во него, јас особено така го сакам. Може во тестото, а може и во филот.
Мои Рецепти