Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ вечер ќе го одржи традиционалниот концерт „Божик - Слава“ по повод празникот Христово раѓање - Божик. 

На концертот на хорот „Св. Злата Мегленска“, кој го води диригентката Летка Димовска-Полизова, ќе гостуваат мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија, и мешаниот хор „Про арс“ од Скопје. 

Солисти ќе бидат Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.

Концертот ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“ од 19.30 часот.