Традиционален божикен концерт на хорот „Света Злата Мегленска“

Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ традиционално ќе го оддржи својот божикен концерт, в недела на 7-ми јануари со почеток во 19:30 часот во црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје.

На концертот ќе учествуваат мешаниот хор „Rozafaexpresion“ од Скадар, Албанија и мешаниот хор „Про арс“ од Скопје.

Солисти на концертот ќе бидат Билјана Стефансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.