Традицијата која со децении се негува во населеното место Бутел 2 не згаснува.

Дворот на ОУ “Панајот Гиновски” и оваа година ќе биде збирно место за сите добронамерници.

Во чест на Св. Василиј Велики, или меѓу народот познат како Василица, повторно, стотици граѓани ќе присиствуваат на Василичарскиот оган. Традиционално како и секоја година чествувањето на празникот ќе започне со молитва и светење на вода, вино и погача со паричка од страна на свештено лице на МПЦ-ОА.

Потоа се одбира кумот за следната година, кој златникот и иконата на Св. Василиј Велики ќе ги чува цела година во својот дом. Тој заедно со стариот кум ќе го запали василичарскиот оган.

По овој чин ќе следи богата традиционална празнична трпеза, чај, греана ракија, вино и други пијалоци, зачинета со звуците на традиционалната македонска народна музика.
Организаторите на настанот, со задоволство ги покануваат сите добронамерници да бидат дел од одбележувањето.