Состојки:

4 јајца
4 мали филџани за кафе шеќер
4 мали филџани за кафе зејтин
11 мали филџани за кафе брашно
1 пециво
кора од портокал

Подготовка:

1. Јајцата ги матиме заедно со шеќерот.
2. Откако убаво ќе го уработиме со миксер го додаваме зејтинот и повторно уработуваме со миксер.
3. Го додавеме брашното со пецивото и бркаме со лажица.
4. На крај ја додаваме ренданата кора од портокал и замесуваме тесто.
5. Правиме тостерки и ги стискаме на загреан тостер.