Торта со крем банани - нема печење, готова за 15 минути

По постот сите сакаме да направиме оброци и десерти кои се многу вкусни. Ако сакате да го израдувате семејството со десерт, а секако да не потрошите многу време на нозе во кујната, ви нудиме чоколадна торта готова за 15 минути. Вкусот е одличен.

СОСТОЈКИ:

200 гр бисквити

200 гр чоколада за готвење

1 лажица ванила

100 мл млеко

5 крем банани

ПОДГОТОВКА:

Бисквитите се кршат, крем бананите се сечат, па во тенџере на оган се топи чоколадата во млекото. Се додава и ванилата во садот.

Во растопената чоколада тргната од оган се ставаат и бисквитите и крем бананите, па се се меша.

На плех се става рамномерно смесата и се тапка, па се става во ладилник и по 1 до 2 часа имате деликатес.