Торта од пудинг, кекс и кокос – нема печење, нема мачење

СОСТОЈКИ:

1 л млеко

2 кеси пудинг од ванила

250 гр шеќер

3 кеси ванилин шеќер

1 чоколада за готвење

200 гр мелени лешници

200 гр мелени кекси

200 гр кокос

1 пакување кекси

2 кеси шлаг

250 гр маргарин

ПОДГОТОВКА:

Во млекото се разматува пудингот, а останатиот се вари на вообичаен начин, со шеќерот.

Додајте во оладениот фил, маргарин и ванилин шеќер, па замесете и поделете на три дела. Во првиот дел се става растопена чоколада, во вториот лешници, во третиот кекс и кокос.

Кекс, чоколаден фил, кекс, фил со лешници, кекс кокос фил и шлаг. Така наредете ја тортата и ставете ја во ладилник.