Торта која потсетува на кремаст еклер - не се пече, но е многу вкусна

Кремастите торти се нешто на кое ретко кој може да одолее. Особено ако се лесни и едноставни, не само на вкус, туку и за подготовка.Особено ако се лесни и едноставни, не само на вкус, туку и за подготовка.

За деновите кога ви се јаде нешто вкусно и благо, а не сте расположени за многу готвење, ова е идеалниот предлог.

Состојки:

  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 3 големи шолји млеко (околу 750ml)
  • 1 шолја слатка хопла
  • бисквити

Глазура:

  • 1/3 шолја какао
  • 1 шолја шеќер
  • 1/4 шолја млеко
  • 110g путер (стопен)
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Подгответе го пудингот и штом малку се излади измешајте го со претходно изматената хопла.

Наредете еден ред бисквити па прелијте со филот од пудинг и хопла.

Повторете ја постапката уште двапати или додека имате фил.

Глазурата подгответе ја така што ќе ги ставите какаото, шеќерот и млекото во тенџере да вријат околу 1 минута со постојано мешање. На крајот додадете го екстрактот од ванила и путерот и убаво измешајте.

Вака подготвената торта оставете ја да се стегне во фрижидер преку ноќ.