ТОПСИ бруцошка забава на ФЕИТ

Студентите од Студентскиот парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии, овој петок, ја организираат познатата студентска журка - „Бруцошка забава на ФЕИТ“ по 18-ти пат.

ТОПСИ Бруцошката забава на ФЕИТ ќе се одржи на 06.10.2017 година, од 20 часот, а студентите и другите посетители ќе ги забавуваат групите Fiction и Љубојна, како и DJ Slave.

„Епа #ТОПСИ ако дојдеш на НАЈДОБРАТА и НАЈПОСЕТЕНАТА забава која се организира во чест на сите бруцоши и на сите кои го имаат бруцошкиот дух! Тимот на #БруцошкаНаФЕИТ ве поканува и оваа година на „ТОПСИ Бруцошка забава на ФЕИТ“!“, велат организаторите.

Линк до официјалната Facebook страна за забавата: goo.gl/3MQqgb