Топол бран: Подгответе се за пролетни температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. температурата ќе достигне до 18 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до 7, а дневната од 15 до 22 степена.

Во наредните денови не очекува претежно сончево време со слаб северен ветер. Дневната температура малку ќе се покачи и ќе се движи од 18 до 24 степени.