Топлиот бран ќе донесе наезда од комарци, крлежи и змии

Топлиот бран кој се очекува да ја зафати Македонија ќе донесе наезда од комарци, крлежи и змии.

Опасните заразни заболувања можат да дојдат преку меѓународниот транспорт и поголемата раздвиженост на патници во летниот период.

Покрај комарците овој период опасни се и крлежите кои можат да пренесат лајмска болест. Горештините ќе ги раздвижат и змиите кои можат да бидат и фатални за луѓето ако навреме не биде побарана лекарска помош.

Потребно е кога се движат граѓаните низ шуми или ливади да носат соодветна облека со покривање на нозете и рацете.