Топанско поле доби нов парк

Градоначалниците на Скопје и Општина Чаир, Петре Шилегов и Висар Ганиу и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, денеска  го пуштија во употреба новиот парк во Топанско поле, меѓу улиците Втора македонска бригада и Ферид Мурат.

- Го пуштаме во употреба овој целосно ревитализиран парк, што е прекрасен пример да се види како кога има меѓуопштинска соработка, кога институциите соработуваат, во конкретниов случај Град Скопје и јавното градско претпријатие Паркови и зеленило од една страна  и  Општина Чаир од друга страна, можеме за граѓаните да создадеме еден нов квалитет во  нивното живеење. Станува збор за парк, трет или четврт годинава што го отвораме во функција на зголемување на зеленилото, со површина од над 9.000 квадратени метари, рече Шилегов.

Тој додаде дека во паркот целосно е уредено зеленилото и е поставен нов систем за наводнување за да се спречи сушење на вегетацијата. Во новиот парк се засадени триесетина садници и листопадни и зимзелени дрвца, како дел од засиленото зазеленувањето на Скопје и есенското садење на над 7 000 садници на територијата на градот .