Топ 10: Култни кафулиња во Скопје и што се подразбира под „кафе“ во градот (фото)

Ритуалот на пиење кафе во локалните кафулиња и кафеани на скопјани датира уште од дамнешно време.Луѓе седнати во кафулињата уште од утринските часови со филџан кафе и весник или пак на трач парија со пријателите, оваа слика не е многу променета и денеска.

Денес додека сите „нормални“ луѓе пијат кафе наутро, во Скопје се пие најмногу попладне. Покрај тоа што тој период од денот се смета за време во кое луѓето се на работа, веќе по 12 часот култните кафулиња и локали во градот се преплавени од гости.

Иако Скопје е мал град за разлика од многуте светски метрополи, сепак може да застане рамо до рамо со истите, кога станува збор за бројот и квалитетот на кафичите.

Кога сме веќе кај нив, екипата на Скопјеинфо одбра 10 кафичи кои заслужуваат да им се посвети внимание и да бидат посетени поради снабденоста, пријатниот ентериер, атрактивната локација и услужливиот персонал. Веруваме дека на повеќето од вас им се добро познати и се надеваме ќе се согласите со нашиот избор.

Кафе Ли - Ова место е совршено за сите што сакаат додатоци со кафето, Кафе Ли навистина знае да ве однесе директно пред портите на рајот со начинот на сервирање на вашето омилено кафе.

Cofee Factory - Одлично концепиран локал, со услужен персонал и голем избор на кафе. Сместен во градското лудило, уживајте во топлата амтофера и правете конверзација со кафето до вас. 

Наргиле - Турското кафе сервирано на автентичен начин со локум. Мирисот на кафето и атмосферата прават да се чувствувате како да сте во некое друго време.

Кашмир кафе - Одлична музика, затемнети светла, ориентална атмосфера се дел од компонентите кои го прават вашето кафе уште поубаво.

7 г еспресо студио - Ова место има посебен шарм, прекрасен амбиент и одлично кафе да ви е мерак да седнете!

Гет кафе – Место каде можете да се напиете одлично макијато, секогаш  е пријатно и кога ќе седнете можете и да не приметите дека поминале неколку часа.

Броз – кафич кој постои долги години и држи стандард кога се работи за денските шеми. Се наоѓа на мошне атрактивна локација, посетен е од различен профил на луѓе и погоден е за сите возрасти. Овде често можете да сретнете некои од познатите „фаци“ во градот, а и фино ќе бидете услужени.

Тренд – место каде можете да го испиете утринското кафе но и да ги пробате највкусните специјалитети. Можете да отидете било кој ден од денот и нема да згрешите, секогаш има народ, убава музика и пријатна атмосфера. Се наоѓа во срцето на плоштадот Македонија, а токму поради сите горенаведени факти, е единствен кафич кој не изгубил на вредност дури 11 години.

Кала – кога се работи за Кала, ова е култно место за ноќни журки, каде излегува најелитната класа на луѓе. Особено е посетен во четврток и сабота, а најголема заслуга за тоа имаат познатите Дј-и со нивните сетови. Доколку се одлучите и денското кафе да го испиете токму во овој кафич, секако дека нема да погрешите.

Излет – пријатна атмосфера, изолиран од сообраќајниот метеж, со многу зеленило и пријатен амбиент. Совршен за кафе муабет со пријателите.