Тонус леб - без брашно, најздравиот леб на светот

Овој леб го стимулира создавањето на црвени крвни зрнца и хемоглобин, го подобрува отстранувањето на канцерогени и токсични матери од организмот, како и вишокот на холестерол, а се препорачува да се консумира и заради превенција на дијабетес, артеросклероза и целулитис.

Состојки:

  • 300 гр пченични зрна
  • 100 гр јачменови снегулки
  • 2 големи лажици сусам
  • 2 големи лажици ленено семе
  • 2 големи лажици семки од сончоглед
  • 1 мала лажичка сол
  • ½ свеж квасец
  • 50 мл вода

Подготовка:

Зрната пченица се ставаат во вода да киснат 3 дена, одвреме навреме се менува водата. По 3 дена цедиме и ги ставаме во блендер (или во машина за мелење месо)да се изблендираат зрната. Ќе се добие смеса слично на тесто. Предходно киснетите снегулки се додаваат во смесата и повторно се блендира, ги додаваме и сусамот, лененото семе, сончогледот и солта. Во 50мл вода го мешаме квасецот со малку шекер. Го додаваме квасецот со водата во смесата од пченични зрна. Мешаме и оставаме да стаса. Откако ќе стаса го месиме со раце. Смесата се става во калап за леб и го оставаме да стои 30мин. Се печи на 220 степени околу 45-50минути.