Тони Трајковски на работни средби со компаниите

Градоначалникот на Гази Баба ги започна предвидените работни средби со претставниците од компаниите кои се наоѓаат во Општина Гази Баба.

Соработката помеѓу Општината и компаниите се очекува да се подобри, со тоа што тие ќе работата заедно на подобрување на условите и зголемување на капацитетите. Градоначалникот сака да дознае со какви проблеми се соочуваат тие за време на производниот процес и како општината може да помогне. Се очекува да произлезат конкретни предлози и идеи за заедничко делување, што ќе ја придвижи локалната економија и ќе влијае на просперитетот на општината.