Толстој: Во нашиот свет сите размислуваат за менување на општеството, но никој не сака да се промени себеси

За Толстој знаеме како голем руски писател и филозоф, но и автор на некои од нашите омилени дела. Но, ретко кој знае дека тој не верувал дека уметноста треба да биде во приватна сопственост, односно дека таа му припаѓа на целото човештво.

Неговото одбивање на црквата и државата е дел од тоа верување за одбивање на приватната сопственост. Лав Толстој е првиот писател кој ја одбил Нобеловата награда за книжевност.

Ова се некои од неговите најубави мисли.

Во нашиот свет сите размислуваат за менување на општеството, но никој не сака да се промени себеси.

Сите работи доаѓаат на време за оној кој знае да чека.

Големите работи се секогаш едноставни и скромни.

Двата најголеми борци се трпението и времето.

Секогаш мислиме дека другите нѐ сакаат бидејќи сме добри, а никогаш не помислуваме дека добри се оние кои нѐ сакаат.

Љубовта е живот. Сѐ што разбирам и знам, го разбирам само поради тоа што го сакам.

Кога сакате некого, ја сакате таа личност поради тоа што е,  а не поради тоа што би можела да биде.

Најголемите вистини се едноставни.

Постои само едно време кое е важно -  сега. Тоа е единствено време во кое имаме некаква моќ.