Толпа народ се насобра за бесплатниот воз кон Демир Капија (ФОТО/ВИДЕО)

Толпа народ се насобра утрово на железничката станица во Скопје за бесплатниот воз кон Демир Капија. На станицата дојдоа трипати повеќе луѓе отколку што собира возот, па бргу настанаа турканици и немили сцени во кои луѓето, претежно пензионери, буквално се влечеа едни со други за да дојдат до место во вагоните.

На вратите стоеја полицајци кои мораа да контролираат кој има билет со себе, пренесува Телеграф.

Причините за толкавиот интерес за патување кон Демир Капија денеска е манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун“, која традиционално се одржува по повод празникот на лозарите“.