Толку среќни, а толку неблагодарни...

Повеќето луѓе живеат во изобилство, а сепак им е тешко да кажат добар збор за својот живот. 

Повеќето луѓе живеат подобро од повеќето луѓе, а секогаш наоѓаат некакви замерки. 

И кукаат, кукаат, а кога ќе се навратат на периодите во кои највеќе кукале, тогаш секогаш велат дека тоа биле нивните најсреќни времиња.

Зошто тогаш не сме среќни во сегашноста, туку тоа го утврдуваме откако ќе пројдат многу години?

Толку сме среќни во поглед на многу работи, а сепак никогаш не ни е доволно, никогаш не сме задоволни со тоа што го имаме, секогаш сакаме повеќе. 

И кога ќе го добиеме тоа повеќе, повторно не сме задоволни, бараме уште нешто.

Убаво е човек да биде амбициозен и да сака да добие што е можно повеќе од животот, но никогаш не смееме да ја заборавиме благодарноста за она што го имаме, кое е поскапоцено од сѐ што можеме да си замислиме. 

Имаме живот. Еден е и треба да го живееме и да го чуваме!