Тој го сака твоето друштво, а не твојата љубов

Никому не дозволувај да те искористува. Тој не е навистина заинтересиран за твојата љубов. Воопшто не е заинтересиран за тебе. Не сака да вложува во тој однос поради љубов. Не сака во потполност да се врзе со тебе на длабоко емотивно ниво.

Тој не сака да биде твој личен мотиватор за време на твоите најкревки и најранливи моменти. Не сака да ти даде прегратка и бакнеж само за да ја изрази својата приврзаност. Тој всушност нема намера да направи каков било значаен гест за да измами насмевка на твоето лице. Не сака секоја вечер да заспива со тебе, а секое утро да се буди со тебе. Тој не сака да ти ја пренесе топлината на својата љубов со среќна прегратка. Не се грижи за ниту една од тие работи.

Тој не сака да се заљуби во тебе. Не сака да посвети дел од своето време на тебе. Само сака да биде до тебе кога тоа така му одговара. Само сака да му посветиш внимание тогаш кога никој друг не сака да му даде внимание. Не сака да го помине остатокот од животот со тебе. Те сака само кога на него му одговара – без оглед на твоите чувства за него.

Тој е себичен. Всушност секогаш се грижи само за тоа како тој се чувствува и што мисли. Секогаш се грижи само за својата среќа и желби. Сака потполно да ја контролира ситуацијата. Тој сака да биде тој кој манипулира со околностите во вашиот однос и тоа на начин кој него му одговара.

Тој сака нешто од тебе, но немој да се осмелиш да го наречеш тоа љубов. Затоа што тоа што тој го сака од тебе е далеку од тоа. Тој го сака само твоето друштво. Ти не си тоа што тој го сака. Само сака некој да биде покрај него за да се чувствува подобро. Тој е толку несигурен што постојано бара потврда од другите – без оглед на тоа дали е тоа од тебе или од други.

Тој само сака покрај себе да има топло тело во ноќите кога се чувствува лошо. Тој сака убаво и познато лице на кое може да му се обрати секојпат кога животот ќе стане незгоден. Едноставно сака постојано некој да го потсеќа и уверува дека вреди. Тој сака да го добие тоа од тебе затоа што не може да го добие тоа од себе.

Размисли за тоа. Дали ти пишува пораки за да се увери дека си добро? Дали веднаш ти одговара на твоите пораки или те тера да чекаш? Тој ти се посветува само кога тоа него му одговара. Тој не чувствува ништо за тебе. Навистина нема за што грчевито да се држиш. Не е дека тој не сака да ги сподели своите чувства со тебе. Едноставно нема што да сподели.

Факт е дека не те сака на начинот на кој ти сакаш да те сака. Тој не те сака на начинот на кој заслужува да бидеш сакана. Не се грижи за тебе, ниту пак се труди да го продлабочи вашиот однос.

Тој го мрази чувството кога нема со кого да го сподели својот кревет. Не е дека сака баш ти да бидеш покрај него. Тој само сака да има некој покрај себе. Само сака тело кое му го дава чувството дека не е сам. И тоа може да го добие од кого било. И тоа е она што боли. Заменлива си. За него немаш никаква вредност. Тој е немилосрден во својот однос кон тебе. Не се грижи како се чувствуваш ти во врска со тоа, сѐ додека тој е задоволен.

Затоа не дозволувај тој да има толку големо влијание врз твојот живот. Не дозволувај да те поседува. Немој да дозволиш да прави жртва од тебе. Крени ги емотивните ѕидови и не му дозволувај да минува низ нив.

Ти секако дека заслужуваш повеќе и треба да бараш повеќе. Никогаш не дозволувај никому да те искористува. Не дозволувај да му служиш како лична алатка за уживање. Ти си човечко битие кое заслужува вистинска љубов. И не смееш да прифатиш ништо помалку од тоа.