Тоа што те блокирав беше најдобрата одлука која ја имам донесено!

Да блокираш некого е голема работа.

Понекогаш е поради лутина, начин како човек покажува дека чувствата му се повредени, а може и да биде здрава одлука од човек кој едноставно сака да продолжи понатаму.

Во мојот случај, се работи за сѐ по малку.

Ти се лутам. Затоа што не си тоа што беше и поради тоа што нѐ промени нас без дозвола. Ако нашата врска беше договор, ти го прекина без никаква најава.

Тажна сум затоа што факт е дека кога ќе изгубиш некој кој бил дел од твојот живот, тоа навистина е загуба. Постои една празнина која никогаш не си заминува. Имаш чувство дека ти е потребна таа личност за повторно да се чувствуваш целосно.

Ова е здраво за мене. Можеби мислиш дека е од инает, затоа што ти ги забележуваш само игнорираните повици и пораки, а не и моето зазрадување.

Не знам дали ова е здравиот начин за преболување на една врска, не знам дали луѓето ќе мислат дека сум слаба, но морав да те блокирам од мојот телефон. А вистината е дека не си верувам себеси.

Празнината создава лажна реалност за мене, реалност која ми кажува дека ти си единственото нешто коешто ме придвижува. Понекогаш зјапам во моето кафе мислејќи на нас и на сѐ што се случи и одеднаш гледам дека поминале 30 минути. Јас сум проголтана од твојот спомен.

Ова ме проголтува.

Не знам многу за тоа како да те преболам, но знам дека преболувањето мора да се случи без тебе. Потајно се надевам дека сѐ уште мислиш на мене и дека ми го проверуваш Инстаграмот.

А вистината е дека сакам да почувствувам вистинска љубов.

Мислев дека ти си таа вистинска љубов, но си велам дека ако беше, немаше да заврши. Ќе пробаше да направиш нешто, но ти не направи апсолутно ништо, а со тоа кажа сѐ.

Повеќе не сакам да бидам девојката која тажно зјапа во своето кафе. Сакам да бидам девојката која оди по улица со насмевка на лицето и ги нервира другите луѓе со својот оптимизам.

Изгледа дека сепак јас и ти не бевме магија. Изгледа ти не беше мојот крај, туку само почетокот.

Затоа одново ја почнувам мојата приказна.

Си беше еднаш едно девојче кое го блокираше дечкото кој ја повреди и тоа ја направи целата разлика.