Тлото во Охрид и околината постепено се смирува- ИЗИС ќе постави нова опрема за следење на земјотреси

Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија постави нови мерни инструменти на повеќе локации во Охрид.

Ќе се следи состојбата од земјотресите на една деветокатна зграда ,општината но и на други значајни објекти.Надлежните очекуваат во наредните недели да има смирување на потресите ,тие претпоставуваат дека оној земјотрес од 5 степени е главен и дека сега следуваат афтер шокови но зачудува тоа што нивната јачина е доста висока.

Сеизмолозите тврдат дека сите нови објекти и хотелите долж ривиерата се безбедни. Од утре тим од 35 експерти доаѓаат во градот за да вршат увид на оние места каде има некои оштетувања.

Од унгарскиот  Институтот за нуклеарни истражувања и од хидробиолошкиот завод од Охрид пак тврдат дека земјотресите немаат никава поврзаност со охридското езеро.

Инаку тлото во Охрид и околината постепено се смирува. По вчерашниот мирен ден кога беа евидентирани само два послаби земјотреси во текот на ноќта и утрово беа регистрирани неколку умерени со јачина од 2,6 до 3.3 степени според Рихтер.