TK"Теннис Парк" го прослави својот прв роденден (фото)

ТК "ТеннисПарк" го прослави својот прв роденден! Година исполнета со многу успеси, како најава за претстојните Фјучерс-турнири, со кои нашиот клуб по долги години ја враќа Македонија на светската тениска мапа.

Прекрасна сабота исполнета со детска радост, многу дружење, забава и смеа, што влеваат поголема надеж за уште поуспешна иднина на "Теннис Парк". Детскиот турнир, надополнет со игрите без граници, како увертира за нашата прослава. Новата содржина во нашиот клуб, "рекреативниот бадмингтон" наиде на голема заинтересираност меѓу присутните, а честа да го одигра ревијалниот меч ја имаше нашиот тенисер, и тренер во ТК"Теннис Парк" Предраг Русевски.

Спортскиот дел, го завршивме со неколку меча во падел тенис каде тимовите на Лина Ѓорческа и Димитар Лабудовиќ беа најуспешни. Најдобрите беа наградени со медали. На крајот од ова дружње сите заедно ја дувнаа свеќичката од роденденската торта. Се надеваме дека и во иднина ќе бидете наши редовни гости, и ќе уживате во пријатната атмосфера на клубот.