Тинејџер се бори за живот, пронајден во безсознание во Скопска чаршија

Осумнаесет годишно момче се бори за живот на КАРИЛ откако било претепано во Стара скопска чаршија.

Од полицијата информираат дека анонимен граѓанин ноќта во саботата пријавил дека машко лице лежи во безсознание на улицата „Битпазарска“ во Стара скопска чаршија. Полициски и медицински екипи излегле на терен при што било утврдено дека станува збор за К.С. (18) од скопско Визбегово кој имал тешки повреди.

Со возило на итна медициска помош К.С. бил пренесен во Ургентниот центар каде е хоспитализиран на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување и се наоѓа во животна опасност.

Според информациите од полицијата К.С. бил физички нападнат од две лица на возраст од 14 години. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.