Тие се нашите херои: Здравствените работници споделуваат фотографии од себе од долгите часови поминати во болница

Медицинските сестри, доктори и другите медицински лица низ светот споделуваат фотографии од своите истоштени лица, по часовите минати во болница со пациентите носители на вирусот COVID-19.

Како што расте бројот на заболени, така се зголемуваат нивните работни часови и нивните обврски. Освен тоа, тие се во сериозна ситуација да заболат од овој вирус, но и да го пренесат на своите семејства и блиски.